Пејачката на познатата група “Роксет“ Мери Фредриксон почина вчера на 61 година од тумор на мозокот.
-Со голема тага објавуваме дека една од нашите најомилени уметници повеќе ја нема. Мери Фредриксон почина во понеделникот од тешка болест – стои во соопштението на семејството.
Инаку, уште пред три години Мери изјави дека е тешко бoлна. Таа требаше да ја оддржи турнејата по повод 30 години успешна кариера, но поради лошaта здрaвствена состојба мораше да ги откаже сите настапи, и обожавателите немаа прилика за последен пат да и ги слушнат песните во живо.
-Ова беа 30 извонредни години на бендот „Роксет“. За жaл, деновите на турнеја за мене се готови и затоа би сакал да им се заблагодарам на сите обожаватели што толку време му беа верни на нашето дуо – напиша тогаш Мери на Фејсбук.
Мери Фредриксон зад себе остави две деца.