Во 65 година од животот после тешка болест почина хрватскиот театарски и филмски глумец Божидар Алиќ.
Македонската публика ќе се сеќава на неговите улоги во сериите “Најдобри години“, Забранета љубов“, Љубов во офсајт“, “Гордоста на Раткајеви“. Патување во Вучјак“, а има глумено и во филмовите: “Акција стадион“, “Семеен албум“, “Во логор“, “Пијанист“, “Црвено и Црно“…
Божидар Алиќ се испроба и во пеење и пишување а учествуваше и во синхронизација на цртана филмови.
Алиќ, Академија за драмски уметности заврши во Загреб, а се усовршуваше во театарот “Пиколо“ во Милано.