Познатата српска писателка Исидора Бјелица (52) денеска почина во домот на своите родители во Нов Белград, објавија српските медиуми.
Исидора со години се лекуваше од канцер, а пред еден месец напиша објава на социјалните мрежи дека не може повеќе да издржи.
“Не сакав да ве малтретирам, мислев дека можам сама. Меѓутоа, ова се толку ужасни физички и психички маки, поради што ќе ве замолам да се молите на Господ да простува и веќе да заврши агонијата, напиша Бјелица.
Инаку, Исидора Бјелица беше успешна писателка со над 40 книги во својата кариера посветени на разни општествени теми за разни возрасни групи. Родена е 1967 година во Сараево и има завршено факултет за Драмски уметности во Белград.
Беше водителка на повеќе ток шоуа и емисии на разни телевизии.