Српскиот актер Марко Живиќ почина денеска на 49-годишна возраст во Белград по тешка борба со коронавирусот.
Белградскиот драмски театар се прости од актерот преку социјалните мрежи со потресна порака:
– Денес во Белград почина првакот на нашиот театар, Марко Живиќ. Му благодариме за се и вечна му слава. Драг Марко, засекогаш ќе бидеш со нас, пишува во објавата.
Марко Живиќ ги помина последните денови во болница, на респиратор, и тој вторпат беше хоспитализиран поради коронавирусот, објави „Блиц“.
Првиот пат кога бил примен неговата состојба се стабилизирала, па бил пуштен на домашно лекување, но симптомите одеднаш се влошиле.
Во 2008 година на Живиќ му бил отстранет тумор.