Мирјана Воратовиќ е бабица која ја знае цел Нови Сад. Таа остaнува во контакт со родилките и нивните семејства и кога тие ќе си заминат од породилиштето. На Мирјана едно ѝ е важно – да биде со бебето, со мајката и со нејзиното семејство:
– Тоа е нешто што неможе да се опише. Треба да се видат таткото и мајката кои се пресреќни. Секоја нивна насмевка за мене е најголем подарок – вели легендарната бабица која на родилките пред породувањето има пушта музика да се опуштат.
-Пред неколку години породував жена на свештеник која побара да слуша духовна музика. Јас и дозволив. Тогаш дојдов до идеја дека и другите родилки ќе го сакаат тоа – вели Мирјана која својата работа ќе ја работи со насмевка се до пензија.
-Бебето да го одвоиш од мајката, да дадеш свој печат, своја енергија, љубов, и да го вратиш на мајката. Тоа не ви овозможува ниедна друга професија на светот – објаснува познатата бабица.