Албанската манекенка Греса Хоти се појавила без градник на престижниот филмски фестивал во Венеција.
Убавицата за која најмногу се зборувало вчера во Венеција била албанската менекенка Греса Хоти која заблескала на овој филмски фестивал во најмодерниот фустан за есен/зима 2022 година.
Оваа убавица била атракција на црвениот тепих на популарниот филмски фестивал. Во прекрасен фустан со боја на вино, модел којшто е апсолутен хит за годинава и кој претходната вечер го носела и прекрасната Русинка Ирина Шајк, Албанката успеала да направи совршен спој на елеганција и сексапил.
Фустанот на којшто не му одолеала ниту Викторија Бекам е сличен како моделот којшто таа го носела на венчавката на нејзиниот син Бруклин, прекрасно му прилегало на телото на манекенката.
Тоа што сите присутни ги восхитило кога манекенката се појавила на црвениот тепих е тоа што таа не носела градник.
Длабокиот изрез на грбот и тенките рамчиња на фустанот, за малку ќе откриле премногу од телото на атрактивната бринета.
Косата ѝ била врзана во висока пунџа, а носела и женствени, црни сандали со ремчиња.