Медицинскиот брат Антонио Де Пејс ја убил својата девојка, 27-годишната докторка Лорен Квантант, затоа што мислел дека му пренела коронавирус, пренесува „Вечерњи.хр“. Грозоморно убиство се случило во малиот град Фурци Сикуло во Сицилија.
Тој ја задавил, по што ја повикал полицијата и сам се пријавил. Се обидел да се самоубие со сечење на вени пред да пристигне полицијата, јавуваат италијанските медиуми.
Антонио бил спасен од лекарите во болницата во која работела неговата девојка, која до неодамна била студент по медицина и дипломираше порано поради недостиг на лекари за време на здравствената криза поради пандемија на коронавирусот. Де Пејс беше студент до неодамна. Тој исто така дипломираше порано од истата причина.
Де Пејс ги шокирал полициските службеници кога им кажал дека го сторил тоа затоа што таа му пренесела коронавирус, меѓутоа резултатите покажале дека ниту тој ниту таа не се позитивни на коронавирусот.