Синот на холивудскиот глумец Роберт Редфорд, Џејмс Редфорд (58), почина во саботата од рак, објави неговата сопруга Кајли Редфорд на Твитер.
“Џејми почина денеска. Ние сме скршени. Тој живееше прекрасен и значаен живот и беше сакан од сите. Многу ќе ни недостасува – објави Кајли.
За смртта на Џејмс, јавно се огласија и од Непрофитната организација „Фондацијата за спречување на рак на пожарникарите во Сан Франциско“ од каде порачаа дека пожарникарите загубиле уште еден голем сојузник
“Џејмс Џејми Редфорд нè напушти откако боледуваше од рак. Тој беше вистински филантроп, длабоко загрижен за здравјето и безбедноста на пожарникарите и зачувувањето на нашето опкружување. Џејми го нема, но неговото наследство ќе живее во големите дела што ги создаде. Нека почива во мир и семејството Редфорд нека пронајде мир – се наведува во пораката од Фондацијата.
Инаку, Роберт Редфорд сè уште не ја коментирал смртта на својот син. Џејмс е од бракот со Лола ван Вагеннен, со кого Роберт Редфорд беше во брак од 1958 до 1985 година.
Џејмс Редфорд зад себе ги остава сопругата Кајл и двете деца Дилан и Лена.