Српскиот актер, Власта Велисављевиќ почина денеска на 94 година возраст по компликации од коронавирус, јавува српскиот портал Ало.рс.
Тој бил хоспитализран пред околу една недела поради компликации од вирусот, а неофицијално неколку дена бил во вештачка кома.
Велисављевиќ публиката имала можност да го гледа во 350 улоги во театарот и на малите екрани. Минатото лето тој наполни 94 години и со тоа стана најстариот активен српски актер.
„Се одлучив за руската вакцина, но не можев да ја примам. Медицинските лица ми рекоа дека не може да се дава на лица постари од 76. години, а јас имам 94. години. Им реков на лекарите: ‘Сакам руска поради познатиот руски писател и лекар Антон Павлович Чехов’. Мислев дека ќе ме разбере, но изгледаше дека никој не ме разбира. Малку се шегував. Да ви кажам право, не ми е гајле за која вакцина станува збор. За мене е важно да се заштитам од корона вирусот и да бидам здра“, рекол порано познатиот глумец.