Легендата на фудбалскиот клуб Раднички, на југословенската репрезентација и еден од најдобрите голмани на сите времиња на просторите на поранешна СФР Југославија, Драган Пантелиќ (69) почина утрово во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, Србија.
Пантелиќ во Универзитескиот кличнички центар беше примен поради тешка здравствена состојба предизвикана од коронавирусот, а вчера беше приклучен на респиратор.
Според медиумите во соседна Србија, неговата здравствена состојба се влошила во последните денови поради што морал да биде приклучен на респиратор.
Пантелиќ во историјата на југословенскиот и српскиот фудбал е запишан како еден од најдобрите голмани на сите времиња на овие простори, но и по тоа што често ги тресеше и противничките мрежи, па така во кариерата постигна дури 29 голови.
Драган Пантелиќ десет години го носеше дресот на Раднички Ниш, а потоа настапуваше и за Бордо.