Зафир Хаџиманов, филмски актер, пејач и композитор, ја загуби битката со коронавирусот.
Тој беше оженет со пејачката и актерка Сенка Велетанлиќ, со која го има синот Васил Хаџиманов, познат џез музичар.
Хаџиманов е роден во 1943 година во Кавадарци, Македонија. Средно училиште и музичко училиште завршил во Скопје, каде започнал да игра музика и театар. Во 1967 година дипломирал глума на ФДУ во Белград. Паралелно со студиите, тој настапи како пејач на поп музика и ги сними своите први два плочи, на кои е автор и на текстовите.