Познатиот тапанар Драгољуб Ѓуришиќ почина на 68-годишна возраст во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград, како последица на Ковид-19.
Ѓуричиќ еден месец се бореше со опасниот вирус, а беше хоспитализиран на 24 февруари. Состојбата му се подобрила пред пет дена и бил исклучен од респиратор, но денеска за жал ја загубил битката.
Драгољуб Ѓуришиќ е роден во Цетиње на 10 февруари 1953 година. Свиреше во групата „Леб и сол“, „Кербер“, беше тапанар на Ѓорѓе Балашевиќ и Здравко Чолиќ, а свиреше и со многу други познати изведувачи од регионот.