Кандидатката за градоначалник на Колорадо Спрингс, Џулиет Паркер (38) и нејзината 16-годишна ќерка се обвинети за обид за киднапирање на бебе на возраст од три недели. Паркер првиот пат била ослободена со кауција од 50,000 долари, но, вчера беше решено да се зголеми кауцијата на 150.000 американски долари и Паркер повторно заврши во притвор, пишува „The Sun“.
Се започнало кога Елисија Милер сакала да ја фотографира својата новородена ќерка и остварила контакт преку Фејсбук со Паркер, која се претставила како фотограф за бебиња. Но, Милер подоцна ги обвини Паркер и нејзината ќерка дека и понудиле колачи обложени со средства за смирување за да можат да го киднапираат нејзиното бебе. Таа рече дека сега е преплашена и спие со нож под перница.
Полицијата ја уапси Паркер и нејзината ќерка минатиот петок. За време на судењето, се дознало дека на 5 февруари Милер се јавила на 911 затоа што била многу поспана и нестабилна. Откако била испратена во болница, повикала и полицијата и им рекла дека ја дрогирала жена која се претставила како фотограф.
Детективите пред судот откриле дека пронашле текстуални пораки помеѓу Паркер и нејзиното поранешно момче минатиот ноември кога Паркер напишала како ,,треба да земат дете од бездомник и заедно да го одгледаат во убава куќа“. Поранешното момче се пошегувало за идејата во пораките, а Паркер му напишала дека ќе се омажи за него веднаш ако пронајде женско бебе во рок од наредните пет недели.