Меган Маркл и принцот Хари повторно се во центарот на вниманието поради последниот инцидент.
Имено, поранешен полицаец кој бил задолжен за безбедноста на војводата и војвотката од Сасекс за време на нивната посета на Обединетото Кралство овој месец, во 2016 година ја нападнал сопругата, која тогаш изјавила дека била „неколку секунди оддалечена од смртта“.
Пере Даобри (51) бил осуден за напад на сопругата во септември 2016. Даобри наводно ја давел сопругата пред да повика брза помош.
„Сакам да пријавам напад и јас сум сторителот. Ја нападнав сопругата. Се обидов да ја задавам“, рекол тогаш тој.
Поранешниот полицаец и бодибилдер бил снимен како ги придружува Меган и Хари од Фрогмор Котиџ до станицата Еустон на 5 септември.
„Кога ќе размислите колку е отворена Меган кон жените, неверојатно е што ангажирала телохранител со такво искуство. Неговата сопруга Сара поминала навистина трауматичен период со него и сигурен сум дека Меган и Хари да ја знаеле целата приказна, воопшто не би им било пријатно што тој е вработен како нивен телохранител. Навистина мислам дека Хари и Меган не би сакале некој како него да се грижи за нив“, изјавил извор за DailyMail кој сакал да остане анонимен.
Поранешниот офицер бил поштеден од затвор бидејќи имал „пристојност“ да се јави на 911, но бил осуден за напад. Неговата казна од 12 недели била условна на една година. На Даобри му била изречена мерка забрана за приближување од една година и му било наредено да работи 200 часа неплатена работа.
Му било кажано да ѝ плати 930 фунти одштета на сопругата и 620 фунти за судските трошоци. Таткото на Даобри потврдил дека неговиот син е на фотографиите со кралската двојка, но одбил дополнително да коментира на ова прашање.
Фондацијата на војводата и војвотката од Арчевел донирала во добротворна организација за семејно насилство, а Меган е застапник за жени на ОН.
Уште во 2019 година, за време на посетата на Јужна Африка, Меган зборуваше за „кризната состојба“ во која се осврна и на родовото насилство. Таа застана во одбрана на одговорноста на сторителите на семејно насилство, додавајќи дека е клучно „кога некому ќе му се каже, таа личност да направи нешто“. Таа додаде дека е штета што жртвите не зборуваат за тоа.