ЈА ВРАТИЈА ОД МРТВИТЕ: Оживеана премрзната жена чие срце не чукало шест и пол часа (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Жена од Барселона е вратена во живот откако срцето не и чукало скоро шест и пол часа, а телесната температура и спаднала на 20.2 степени.

Весникот Ла Вангуардиа, пишува дека таа излегла на прошетка со својот сопруг, во близина на градот Нурија, северо-источно од земјата, но не можеле да се вратат поради обилните врнежи од снег. Нејзиното тело смрзнало од студот. 34- годишната жена, после три часа била одведена во болница. Се претпоставувало дека е мртва, бидејќи нејзината телесна температура спаднала на 20.2 степени и срцето не и чукало шест и пол часа.

Таа се спасила после интервенцијата на двајца врвни лекари. Мап е пуштена од болница после 11 дена, без некои посериозни проблеми.

Инаку, Аудре е наставничка по англиски јазик, и заедно со сопругот од 2007 живеат во Барселона. Вели дека не помни што се случило и е благодарна на лекарите кои ја вратиле во живот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com