Иако имаше многу познати личности на шоуто Алта Мода – од Дожа Кет, Сиара и Кортни Кардашијан преку Моника Белучи и Кити Спенсер до Лејди Хелен Мирен, Џенифер ЛОпез привлече најголемо внимание.
Американската пејачка и актерка се појави на ревијата во кралско издание потпишано од Доменико Долче и Стефано Габана.
Таа го привлече вниманието со необично парче – прекрасна зелена наметка со цветен дезен што стигнуваше се до подот, и која беше украсена со монументално копче.
Под него, таа носеше сет составен од кроп топ и панталони со висок струк кои ја нагласија нејзината фит фигура, а комбинацијата ја собра со сандали со отворени прсти и вртоглави платформи кои вообичаено сака да ги носи.
Таа го заврши изданието со минијатурна златна чанта, а на главата носеше цветна круна, што дополнително придонесе за кралскиот впечаток.
Comments are closed.