Кампањата за ослободување на принцезата Латифа, ќерка на владетелот на Дубаи, беше прекината откако на интернет се појави нејзина фотографија од престој во Исланд.
На сликата, која на Инстаграм ја објави една Британка, се прикажани принцезата Латифа и нејзината братучетка, пренесува Би -Би -Си.
Не е јасно дали принцезата е во Исланд по своја волја.
На почетокот на оваа година, Би -Би -Си објави снимка од принцезата која го обвинува нејзиниот татко дека ја затворил против нејзина волја.
Снимката беше осудена од меѓународната заедница, а Обединетите нации бараа доказ дека таа е жива.
Властите во Дубаи подоцна објавија поради притисокот на јавноста дека таа е дома и дека семејството се грижи за неа.