Кралското семејство го тресе нова афера. Имено, според британските медиуми Кејт и Меган ги скараа принцовите Вилијам и Хари.
Причина било што принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ, Кејт, го преименуваа името на нивната хуманитарна организација и на тој начин и официјално се разделија од Меган Маркл и принцот Хари.
Според документите објавени од британските медиуми, Кејт и Вилијам легално го смениле името на организацијата во Кралската фондација на војводата и војвотката од Кембриџ. Тоа е последниот чекор во одвојувањето на Хари и Меган од некогашното заедничко добротворно друштво, откако престанаа да поставуваат свои фондации.
Извори од Кралската палата разбирливо, негираат дека имало кавги меѓу браќата и нивните животни придружнички.
Инаку, браќата ја основаа Кралската фондација во 2009 година, а Кејт се приклучи на две години подоцна, откако се омажи за Вилијам, додека таа оттогаш е клучен дел од неговата работа.