Тамара Тодевска деновиве ги изненади фановите на социјалните мрежи со фотографија на која позира облечена како боксерка, а преку истата прати моќна порака.
“Изминатата година сите ние бевме БОРЦИ. Оваа година ви посакувам сите да бидеме силни и среќни, спремни за секој предивик во први борбени линии за да го вратиме животот во нормала. Голема поддршка од мене и за сите музичари кои измината година егзистиравме кој како умее. Музиката е радост, среќа, живот… Јас ќе се борам со сѐ, за да ви дарувам музика во секој миг!“, порача Тамара.