Гостин во дебатна емисија на локалната ТВ Стар беше лидерот на политичката партија ГДУ, Петар Колев кој зборуваше на неколку теми.
Една од најинтересните беше онаа на темата за Бугарија, а секако Колев говореше и против двете најголеми македонски партии.
„Јас не влегов во политика за да им се допаѓам на Алфа, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Тие ме мразат бидејќи јавно кажувам дека се криминални структури. Тие се зло кое се крие зад државотворноста кое направи пепел во државата.
Тие ги пуштаат тие хумористични емисии за да ме оцрнат, зошто не ме викнат да гостувам таму па да зборуваме и за Бугарија? Тие сакаат да ме замолчат, да ме оцрнат и да се дефокусира јавноста од реалните проблеми.
„Јас сум првиот политчар во Македонија кој излезе јавно пред граѓаните, не за да предизвикам негодување или одобрување, туку да се ослободам од онаа табу тема во државата Излегов и кажа – Јас имам бугарско државјанство“
Ќе ви дадам конкретен пример. На средба со Борисов сите го слушнаа најголемиот патриотот Мицкоски, кој на бугарски кажа сичко поткрепвавме. Еве еден од тие четворица што беа од ВМРО ДПМНЕ на таа средба е бугарски дравјанин.
Еве го повикувам да излезе како маж, како војвода од ВМРО да застане пред македонското опшество и да не глуми патриот и да каже дека тој пред мене има бугарско дравјанство, четири или пет години пред јас да добијам.“