Карли Електрик, како што самата се нарекува, го опиша искуството и она што го доживеала откако била погодена од гром. Отпрвин останала без здив, не можела да се движи и да зборува, но за среќа преживеала со минимални трајни оштетувања, освен едно нешто што се променило во нејзиниот изглед.
Според „Дејли мејл“, бојата на очите на Карли е целосно променета – додека тие претходно биле зелени, сега се кафени.
“Кога се погледнав во огледало, видов дека моите зеници се огромни. Се чувствував како да сум дрогирана. Ме облеа пот, ми се вртеше и бев еуфорична. Потоа одеднаш сето чувство во моите екстремитети исчезна. Не можев да се движам ни милиметар”, се присетила Карли.
Таа го замолила својот цимер веднаш да повика брза помош и на крајот била пренесена во болница.
“Кога влегов во собата за итни случаи, рацете и нозете ми беа целосно сини. Единственото нешто што можев да го движам беа главата и вратот. Иако бев будна, тешко дишев. А наскоро можев и да голтам и полесно да дишам. Лекарите трчаа околу мене, почувствував дека се оддалечувам”, продолжила таа.
По неколкучасовно губење на свеста, ѝ се вратило чувството во прстите на рацете и нозете, но девет часа не можела да ја движи левата рака. Лекарите дијагностицираа кераунопарализа, редок невролошки проблем кој предизвикува привремена парализа.
„Тука ме удри. Топло е на допир, па морам да ја избегнувам таа област кога ја чешлам косата“, додала таа.
Но, и покрај сите тешкотии, Карли на некој начин е благодарна за искуството. “Мојот живот стана многу подобар откако се случи тоа. Исто така, ми помогна и во љубовниот живот бидејќи мажите се заинтересирани да слушнат повеќе за моето искуство пред смртта”, рекла таа.
Веројатноста да ве погоди гром во која било дадена година, е помала од еден на милион, пишува „Дејли мејл“. Шансите да бидете погодени повеќе пати се уште помали, а рекордот е седум пати во текот на животот. Анализата на смртните случаи од гром во изминатите 25 години во Британија покажува дека во просек две лица годишно гинат од гром, а околу 30 луѓе се повредени.