Летиција (35), инфлуенсерка од Америка, во последните неколку дена станала сензација на социјалната мрежа Тик Ток, кога објавила видео со нејзината ќерка и ги шокирала фановите.
Имено, поради нејзиниот младолик изглед никој не можел да претпостави дека има 16 годишна ќерка.
“Не можам да верувам дека имаш ќерка. Неверојатно”, гласел еден од коментарите.
Летиција објаснила дека ќерката ја родила кога била тинејџерка и дека тие две се најдобри другарки.
“Јас си родив другарка за цел живот”, напишала мајката.
Луѓето често мислат дека се сестри или другарки, а тоа воопшто не ѝ пречи на нејзината ќерка, напротив ѝ ласка.
“Секако дека не сум љубоморна на мајка ми. Горда сум на неа за тоа како изгледа”, рекла 16 годишната ќерка.
Летиција открила дека цел живот била самохрана мајка, а со оваа приказна ги поттикна и останатите мајки да ги споделат своите животни приказни и ги поддржи сите самохрани родители.
“Ќерка ми ја родив на 17 години. Таа навистина е мојата најдобра другарка”.
“Не изгледав отсекогаш вака, но последните две години тренирам, се хранам здраво, се посветив на себе”.
Летиција успеала да ја пронајде љубовта на својот живот и родила уште едно дете, но вели дека тоа не ја спречува да биде популарна и на социјалните мрежи.
“Можеби сум престара за да бидам тука, но имам млад дух и не гледам ништо погрешно”, рекла таа.