Познатата актерка Шарлиз Терон конечно одговори на гласините дека направила пластична операција, поради што беше особено пофалена од нејзините обожаватели, пишува „Пипл“.
Во недоамнешното интервју за магазинот „Алур“, актерката отворено проговори за гласините дека направила пластична операција. 48-годишната Шарлиз зборуваше за убавината и младоста, во пресрет на одбележувањето на јубилејот од две децении, како заштитно лице на најпродаваниот мирис на Диор,„ J’Adore“.
Без разлика што Шарлиз го сака својот природен изглед и го прифаќа стареењето, таа додала дека не гледа со осудување на поединци кои се одлучуваат за естетската хирургија. Ѕвездата забележала дека другите жени го прифаќаат стареењето на свој начин и ги повика сите да бидат „емпатични околу таа тема“.
Зборувајќи за двојниот стандард на стареење меѓу мажите и жените, таа истакнала дека го презира концептот дека „мажите стареат како вино, а жените како скинати цвеќиња“.
Обожавателите веднаш ја пофалија Шарлиз за нејзиниот позитивен став кон стареењето и едноставно ја нарекоа икона.
Иако, вели дека стареењето го прифатила на свој начин, таа признала дека има еден аспект на стареењето на кој тешко се навикнува – тоа што нејзиното тело се менува.
На крајот, таа додала дека, најважната работа е грижата за себе, почитувајќи го своето тело и здравје.