Пејачката Софија Уриста од бендот „Brass Against“ која стигна до сите светски медиуми поради мочање врз лицето на еден обожавател во текот на настап, се огласи по повод настанот кој ја згрози јавноста.
„Секогаш ги поместував границите во музиката и на сцена. Таа вечер ги поместив границите предалеку. Го сакам своето семејство, бендот и фановите повеќе од се и знам дека некои беа повредени или навредени од она што го направив. Им се извинувам и сакам да знаат дека не сакав да ги повредам“, напишала Уриста и додала:
„Јас не сум скандалозен уметник. Секогаш сакам музиката да ја ставам на прво место. Благодарна сум за сета ваша љубов и поддршка“.