Во емотивно интервју, војвотката од Сасекс, Меган Маркл искрено зборуваше за животот на дворот и открила досега неоткриени тајни од кралството.
-Јас не живеам, јас преживувам. Не е лесно да балансираш и да се избориш со целокупното медијско внимание. Претходно, пријателите ме советуваа да не се мажам за Хари, ми рекола дека може тоа да биде опасно за мојот живот. Навистина имаше моменти, особено за време на породувањето, кога се чувствував загрозена и со голем страв – вели Меган чиј живот комплетно и се променил откако станала член на кралското семејство.
-Мислам дека никој не ме разбира. Сакам да бидам среќна, сакам да се прилагодам, но тоа е неможно. Кога започнав да се забавувам со Хари, пријателите од САД беа воодушевени, но пријателите од Британија ми рекоа дека таблоидите ќе ми го уништат животот. Не е лесно вака да се живее, кога човек чува се во себе, што може да биде погубно.
На прашањето како сега се чувствува, Меган одговорила “лошо“ и се заблагодарила на новинарот бидејќи ниеден претходно не ја прашал како е таа.
Инаку, интервјуто прилично ја потресе Велика Британија.