“‘Зошто си ме фотографирал од овој агол? Дали си нормален?’, врeснав”.
“Одеднаш станав многу несигурна и засрамена и се прашував зошто.
Веднаш се сетив на денот кога ме фотографираше мене и нашиот новороден син. Ја објавив фотографијата на Фејсбук, а некој во коментари ми препорача пилинг кој ги отстранува флеките од акни и крема која ги крие подочниците. Сето тоа непосредно откако се породував 14 часа. Сепак, се чувствував ужасно лошо и засрамено. Всушност, на момент таа засраменост успеа да ја засени среќата која ја чувствував бидејќи во рацете го држам своето дете.
Се сеќавам и на жената која ми шепна дека фустанот би ми прилегал многу подобро доколку носам мидер под него – 3 месеци откако имав царски рез. И не само тоа, всушност ми се допаѓаше како ми прилега тој фустан, и тоа без мидер.
Кога прашав во една Фејсбук група кои се најдобри вежби за опуштени стомачни мускули, ме “избомбардираа” со понуди за појаси за стомак кои наводно ги топат масните наслаги.
Кога ја замолив пријателката да дојде со мене за да ми помогне да купам костим за капење, таа ми кажа: “Одиме во плус сајз одделението, таму има најдобри костими кои затегнуваат”.
Сите тие совети и понуди ги добивав од жени. Не ги обвинувам и не сум им лута. Така ги научило општеството, дека секогаш мора да бидат дотерани и убави. Тие всушност мислеа дека ми помагаат со таквите понуди. Отсекогаш нѝ ја полнеле главата – породи се и во истата секунда врати ја старата фигура. Ако не успееш, мрзелива си. Не се трудиш доволно.
Затоа, ако не успееш, мора на сите да им објаснуваш дека не си мрзелива и дека се трудиш. А реалноста е таква што тукушто сме се породиле и нема никаков срам во тоа што малку сте се здебелиле и опуштиле.
Имам целулит, како и повеќето жени. Сите ние имаме и матка, внатрешни органи, а голем број од нас имаат и физички доказ дека се породиле во вид на лузна. Бебето некогаш живеело во нашиот стомак, затоа сега изгледа како што изгледа.
Замислете колку би биле посреќни доколку тоа време кое сме го вложиле во пилинзи, диети, масажи и напитоци, да го поминеме воодушевувајќи се на своето тело и на детето кое го донело на свет. Замислете колку би бил убав светот доколку се цениме онака како што заслужуваме. Да, самодовербата доаѓа одвнатре, но сепак околината донекаде е одговорна за тоа што мислиме во себе.
А што одговори сопругот на моето врескање?
“Но, изгледаше толку среќно, сакав да го “фатам” тој момент”.
Тој не го гледал мојот целулит и несовршености. Ја гледал својата сопруга која уживала во моментот. И во право е. Бев среќна. Среќна сум, тоа е сè што е важно”.