Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов упати повик до МВР да ги пронајде виновниците за фалсификуваниот документ од Град Скопје, во кој пишува дека тој препорачува да се пие ракија против корона вирусот.
„Идиотизмот на примитивците со промашени животи нема крај. МВР, за фалсификатов и ширењето на лажни вести, да си постапи согласно препораките на Владата на РСМ. Политикантството и обидите за добивање на ефтини политички поени е нешто што не смее да се дозволи.
Апелирам до сите, да не си играат со чуствата на граѓаните. За животи и здравје на нашите (Вашите) најблиски се работи. Да го сопреме лудилото заедно.
П.С. Јас, немам проблем со Вас, бедници. Очигледно, Вие имате проблем со мене. И планирам уште долго да го имате. Само продолжете. Вашите несреќни животи ќе останат со Вас. Не со мене !!“, пишува Шилегов.