Откако глумицата Весна Бејби доби сметка за струја од 18 илјади денари и јавно кажа дека ќе се фрли во Вардар поради големата сметка, сега отиде сама да протестира пред ЕВН. Таа на Инстаграм објави видео како стои пред една од зградите на компанијата во близина на Вардар
“Еве, јас дојдов да протестирам сама пред ЕВН. Блиску е Вардар, а вие каде сте? Уште сум сама, а ладно е. Вардар – ладен, фин. И така“, вели Весна.
Како потсетување, пред неколку години автомобилот на Весна падна во Вардар, па, шегувајќи се на своја сметка, таа стана дел од рекламната кампања на ЕВН.