Јапонецот Токо потрошил 14.000 евра за костум на шкотски овчар. Притоа, тој го исполнил својот детски сон да го запознае светот од перспектива на животно.
Во меѓувреме, тој стекнал армија обожаватели на социјалните мрежи. Многумина се фасцинирани од неговиот живот и постојано сакаат да знаат повеќе детали.
Сега Токо си ја исполни желбата да најде пријател со кого ќе го помине времето! На мрежите е објавено видео од нивната игра, кое предизвика големо внимание.
Човекот во костим на хаски не е претставен, исто како што главниот лик на оваа приказна го крие својот идентитет, пишува Њујорк пост.
Токо и неговиот пријател се поздравуваат со шепите, играат, се тркалаат на подот, а корисниците истакнуваат дека Јапонецот конечно е во „кучешки рај“.
„Тој има пријател! Многу ми е драго“, напишал еден корисник.
Сепак, не сите се ентузијасти за оваа приказна. Многумина критикуваат и изразуваат изненадување, бидејќи Токо сакал да „стане“ куче.
Потсетуваме, тој одбрал да биде шкотски овчар бидејќи му е омилена раса. Најмил компанија од Холивуд на која ѝ биле потребни 40 дена за да го направи костимот.