Јан Облак се промовираше во еден од најдобрите голмани во светот. По напорната сезона на голот на Атлетико Мадрид, Облак реши да се опушти на одмор од соништата, на еден мал остров во Шпанија заедно со поранешната девојка на Кристијано Роналдо, Алесија Тадески.
Облак ја „улови“ преубавата Италијанка, со која порано се забавуваше и Кристијано Роналдо, а по фотографиите, кои се појавија во јавност, може да се заклучи дека парот ужива во романсата.