Познатиот македонски автор и водител Јанко Илковски се јави од болница и им откри на своите верни гледачи дека одрдено време ќе отсуствува од ТВ-екраните.
Домаќинот на легендарниот проект „Јади бурек“ закрепнува по операцијата која морала да му се направи откако тешко се повредил.
„На клиника сум за пластича хирургија. Имав лоша, многу лоша, повреда, а д-р Туџарова ме оперираше и успеа да ми ги спаси прстите. Некое време ќе отсуствувам од програмата. Фала за поддршката“, напиша тој на социјалните мрежи.
Илковски не откри детали за немилиот настан.