По повеќе од 4 часа заврши распитот на шефицата на СЈО Катица Јанева во обвинителството на организиран криминал и корупција. Таа не сакаше да открие детали за исказот кој го даде пред обвинителката Русковска па потенцираше дека не чувствува никаква вина за случајот „Рекет“.
Пред новинарите Јанева тврдеше дека телефонот не бил форматиран и дека очекува целиот овој случај да биде расчистен преку судски процес.
„Во време на истрага не се откриваат детали, се надевам дека ќе има судски процес на кој ќе се гледаме почесто“
Јанева тврди дека засега е повикана во својство на сведок и не даде конкретен одговор дали очекува да биде една од осомничените во овој предмет.