Американката Јана Фрај неодамна во отворена исповед откри зошто се развела од сопругот кој бил на смртна постела. Оваа 40-годишна жена истакнува дека на 22 години се омажила за поранешниот сопруг, кој сега е покоен и дека сонувала да основа семејство со него. Меѓутоа, набрзо по венчавката, нивното заедништво го прекина тажно сознание.
Имено, на тогаш 37-годишниот сопруг на Јана му бил дијагностициран рак на тестисите. Тоа им го промени животот.
-Не можевме да размислуваме за заедничка иднина. Како можете да ја планирате иднината како штотуку брачен пар кога се соочувате со нешто како рак? Постојат два начини на кои луѓето реагираат на сериозни болести кои се борат и кои се самосожалуваат. Мојот сопруг, за жал, припаѓаше на првиот тип – тоа се луѓе кои се дават во самосожалување. Вториот тип на луѓе се оние кои наместо тоа се загрижени за оние околу себе, вели оваа жена.
Јана, која живееше со сопругот во Њујорк, а денес живее и работи во Сингапур, вели дека во тие тешки моменти никој не размислувал за тоа како е, ниту се грижел за неа.
-Одевме кај различни лекари. Никој од нив не ми кажа утешен збор ниту се понудиле да помогнат. Никој не ме праша дали ми е потребна поддршка, терапевстка група…, изјави оваа девојка.
Нејзиниот сопруг продолжил со упорно лекување, но тоа не давало резултати – болеста постојано се влошувала.
-Се надевав на најдобар исход, но годините поминаа, а јас почнав да губам надеж. Поминаа пет години откако сите тие третмани и динамиката во нашата врска почнаа да се менуваат. Дури во таа петта година почнав да размислувам за заминување.
-Се чувствував како да не можам ништо да му кажам. Кога некој умира покрај тебе, се чувствуваш како да не можеш да зборуваш за сопствената благосостојба бидејќи тоа веднаш се споредува со нивното страдање, изјави Јана.
-Одев на терапија со години за да се убедам себеси дека не сум страшна личност.
Специфичен настан ја натера Јана да го остави својот болен сопруг на умирање. Имено, нивниот заеднички пријател си го одзел животот.
Тоа беше мојот прв погреб и беше многу шокантен. Во мојот ум во тоа време, самоубиството стана опција, иако никогаш порано не ми паднало на памет. Бев во толку лоша состојба. Ми стана јасно дека веројатно ќе умрам ако не се спасам, рече таа, додавајќи дека веднаш потоа поднела барање за развод.
-Неговиот главен фокус беше на себе. Поради разводот, тој чувствуваше уште повеќе самосожалување кон себе. Не можам да кажам дека беше многу разбирлив за разводот, но реакцијата на оние околу него беше многу полоша. Луѓето ми праќаа ужасни пораки, а семејството на мојот сопруг беше разочарано. Тие беа тажни и само сакаа да обвинат некого за се што се случи, вели Јана.
Оваа 40-годишна жена и нејзиниот сопруг по разводот престанале да разговараат. После тоа, тој повторно се оженил, но две години подоцна починал.
– Дека почина дознав преку Фејсбук. Неговиот пријател сподели слика со него и напиша: “Почивај во мир”. Прво мислев дека е шега, дека некој ќе ми се јави и ќе ми каже. Но, никој не се јави, истакна Јана.
По смртта на нејзиниот поранешен сопруг, Јана се преселила во Сингапур, каде што сега работи како животен тренер. Таа повторно се омажила, а кога ќе погледне наназад, не жали што го оставила сопругот кој умирал. Сепак, таа поминала години на терапија за да ги надмине сложените емоции.
-Чувствувам дека сите ние, особено жените, главно сме воспитани да им служиме на другите, но кога одиш против тоа, учиш многу за издржливоста и самосвеста. Морав да имам години терапија за да научам дека не сум ужасна личност што ја донесов одлуката што ја донесов, заклучи Фрај.