Јана Бурческа, која ја претставуваше Македонија на „Евровизија“ во 2017 година со песната „Dance alone“, ужива во мајчинството на својата ќерка Дона која во октомври наполни една година.
За порталот „Женски магазин“, Јана откри дека нејзината ќерка ја наследила болеста од неа. Имено, станува збор за атопичен дерматитис, односно хроничнo-воспалителна болест која се карактеризира со сува кожа, чешање и црвенило.
„Оваа болест имам од раѓање, а ја наследи и мојата ќеркичка, што значи имам искуство еден тон. Во времето кога јас сум била бебе, секако од она што ми кажувале моите родители, било исклучително тешко да се контролира состојбата поради недостигот на соодветни препарати. Среќна сум што во денес има огромен избор на производи за нега на атопична кожа, тоа на некој начин ме успокојува кога станува збор за состојбата на Дона, вели пејачката за „Женски магазин“