Паркинг-просторот не е проблем само во главниот град и во поголемите градови кај нас, туку е рамноправен проблем и кај нашите соседи, кои се многу досетливи кога е во прашање одмаздата
Порака која малкумина очекуваа дека ќе стане вирална се појави на автомобил со регистерски таблички на Дрвар.
Фотографијата е објавена на хрватската фејсбук-страница „Сообраќајни несреќи и незгоди“.
Јави ми се, бремена сум – напишала непозната жена сосе бројот на мобилниот телефон и ја залепила пораката на шофершајбната од автомобилот.
Под објавата се нижат интересни коментари:
“Паркинг со порака што не ја очекувал“, „Корисникот моментално не е достапен“, „Каде го најде опелов?“, „Бара паркинг или маж“ – се пошегуваа во коментарите членовите на групата.
Ова не е единствен случај на интересни пораки, туку се појави уште една за која членовите на групата тврдат дека е најдобра.
Во Мостар на автомобил осамна уште една порака, а посебно внимание привлекоа парите оставени на хаубата:
Шуго, еве ти 2 марки, па плати паркинг – пишувало во пораката, а до која имало пари за паркирање.