Луѓето од организацијата за заштита на животните ПЕТА забележале нешто сомнително во текот на пробата на роденденската парада на кралицата. Тие рекле дека коњот на принцот Вилијам морал да ја спушти главата во текот на пробата на парадата бидејќи бил повреден. Воените ветерани, пак, тврдат дека коњот изгледал „дрогиран“, дека бил допингуван за да биде попослушен, нарекувајќи го тоа „срамота“, пишува „Дејли мејл“.
Војводата од Кембриџ јавал на кралскиот коњ по име Џорџ, кој цело време одел со наведната глава. Потпретседателката на ПЕТА, Елиса Ален рекла: „Понекогаш коњите ќе ги спуштат главите или ќе се движат чудно кога ќе бидат воспалени или повредени“.
Сепак, и покрај тврдењата на ПЕТА, сè уште ништо за состојбата на коњот не е сигурно.
„Бидејќи коњите, вклучително и оние што се користат за трки, се силни и лесно се плашат од бучава и неочекуван шум, што може да доведе до бегство, познато е дека ракувачите им даваат седативи на животните пред јавните изложби, што е сигурен знак дека воопшто не треба да се изложуваат на големи паради“, додава Елиса Ален.
Две лица морале итно да бидат пренесени на трауматологија, а на три им била потребна лекарска помош откако трибината се урнала за време на пробата за парадата.
Да ве потсетиме, на роденденот на кралицата на 2 јуни, трупите на нејзината Домашна дивизија маршираат и јаваат на Парадата на гардата на коњи, а таа вообичаено присуствува и ги поздравува.
Фото: EPA/NEIL HALL