Ѕирнете во вила од 12 милиони долари, новиот дом на Бред Пит (ФОТО)

by Тони Зографски

Холивудскиот заводник Бред Пит има нов дом, во Лос Анџелес. 

Дејв Кенинг, коосновачот и гитарист на „The Killers“, ја продаде својата вила во Лос Анџелес на актерот, продуцент и ентузијаст за архитектура, добитник на Оскар, Бред Пит, за 12 милиони долари.

Луксузната вила се наоѓа во Холивуд Хилс.

Дејв прво за својата луксузна вила барал 14 милиони долари, но на крајот сепак ја прифатил понудата на мегапопуларниот актер Бред Пит вредна 12 милиони долари.

Имотот се наоѓа на нешто повеќе од една третина од еден акр, а зад ограда се наоѓа бела куќа што нуди живописен поглед од центарот на Лос Анџелес до заливот Санта Моника.

Вилата, првично изградена кон крајот на 1980-тите, има приближно 8.000 квадратни метри, во неа се сместени шест спални соби и осум бањи.

Фоајето со високи греди води кон дневна соба со камин и француски врати што се отвораат кон дворот. Втората дневна соба има таван со подигнати греди, додека канцеларијата е обложена со вградени полици за книги.

Елегантната кујна со трпезарија е опремена со кујнски елементи од абанос и апарати Wolf и Miele.

На горниот кат е раскошен главен апартман со лустер од мурано стакло, камин, балкон што се протега околу него и мермерна бања. Исто така, има кино, а уредените градини имаат базен, спа, простор за скара и салон покрај камин. Имотот, исто така, вклучува две гаражи и одвоено студио со простор за снимање.

Ова не е првиот имот на Пит во Холивуд Хилс. На почетокот на 2023 година, тој продаде имот во Лос Фелиз за 33 милиони долари, а потоа купи павилјон познат како „Челична куќа“ во истата населба за 5,5 милиони долари. Неодамна издвои 40 милиони долари за историската куќа Д. Л. Џејмс во Калифорнија, која наводно стана негова главна резиденција. Неговото портфолио вклучува и 50 проценти од акциите во винаријата „Шато Миравал“ во Франција, кој го делеше со поранешната сопруга Анџелина Џоли.

останати вести