Славните личности се трудат интимниот живот да го задржат за себе, но ретко тоа им успева. Некој од поранешните партнери ќе се налути па ќе ги разоткрие во медиумите дека се лоши љубовници.
Хју Хефнер
Починатиот медиумски тајкун е познат по своите Плејбој журки кои се одржуваа во неговата вила, на која запознава занесни зајчици, како Кристал Харис која сеа му е и сопруга. Сепак, на почетокто Кристал не беше задоволна од Хефнеровите сексуални способности. Во интервју со Хауард Стерн, Кристал призна дека сексот им траел две секунди и дека ретко биле интимни. Исто така, откри дека Хју е несигурен во своето тело. Никогаш не се соблекува, а таа никогаш не го видела гол.
Парис Хилтон
Ник Картер, поранешниот член на бендот Backstreet Boys, кој беше во врска со Парис Хилтон, а откри дека бил разочаран.
„Беше пијана и колку што видов не сакаше секс. Се потпираше на дроги и алкохол за да ја подигне самодовербата и често беше толку „убиена“ што не можеше ништо да прави и само лежи“.
Освен него, многумина коментираа дека нејзината приватна снимка која протече во јавноста покажува дека е „незаинтересирана и јадна“.
Анџелина Џоли
Своевремено ја нарекуваа најубава жена на светот, но Били Боб Тортон незјиниот поранешен партнер, изјави: „Понекогаш со моделите и актерките, најсекси личностите на светот, може да биде како да …. кауч“.
Исто така, во една прилика рече дека Анџелина е многу досадна, што е тешко за верување, со оглед на нејзината позната љубов кон ножевите, синџирите и камшиците.
Чарли Шин
Иако е познат како женкар, Чарли Шин е лош и себичен љубовник. Барем така тврди неговата поранешна сопруга, Дениз Ричардс. Таа вели дека Чарли секогаш бил фокусиран да ги задоволи своите потреби, додека нејзините ги занемарувал. За време на секс гледал „порничи“.
Чарли имаше авантури и со порно-ѕвезди, а некои од нив велат дека е одличен љубовник.
Расел Бренд
Самиот Расел Бренд, во „дивите денови“ се фалеше со бројни афери со славни жени и луди сексуални авантури. Но, една од неговите партнерки, Џорџина Бејли, вели дека тој е вистинско разочарување во кревет. Имено, за време на сексост викал‘Qué?’, по што е познат дедото на Џорџина, актерот Ендру Сач, кој глумеше во серијата Fawlty Towers.
Тоа го раскажа да му се одмазди што на радио програма, го повикал нејзиниот дедо и му рекол дека имал секс со неговата внука.
Тајгер Вудс
Голферот е познат по тоа што својата сопруга ја има изневеро мал милион пати со различни жени, исто така е разочарување во кревет, открива 24-годишната келнерка Џејми Грубс, со која се гледаше две години.
Колин Фарел
Иако сите знаат дека има секс снимка која вирално се прошири, една негувателка која тврди дека имала кратка афера со Колин, вели дека е себичен во кревет. „Не би рекла дека е ниту приближно добар за маж кој спиел со огромен број на жени. Да не го знаев подобро, ќе мислев дека му е првпат. Откако заврши, само си отиде во кревет.“