Триесет и четиригодишната Нејлин Ешли од Флорида се заколнала дека нема повеќе да има секс по последното раскинување и реши да оди во целибат.
Наведува дека тоа е затоа што денешните мажи не се заинтересирани за вистински врски. Нејлин, која има 2,5 милиони следбеници на платформата OnlyFans, е одлучна во својата намера и нема намера наскоро да го прекине целибатот.
“Се заколнав дека никогаш повеќе нема да имам секс откако ми беше скршено срцето. Ниту еден маж не заслужува да ме однесе во кревет”, изјави убавицата на OnlyFas. Иако е популарна на таа платформа за возрасни поради нејзината многу секси појава, таа додава дека сексуалните односи во реалниот живот се многу помалку интересни и дека мажите кои досега ги запознала главно не биле заинтересирани за сериозни врски.
Нејлин објасни дека како поранешна „зависничка од секс“ овој целибат е одличен начин да го најде својот внатрешен мир. И покрај тоа што заработува повеќе од 50.000 фунти месечно на OnlyFans и поседува „масовен сексуален нагон“, таа е решена да не го прекрши својот завет во скоро време.
„Одлучив да бидам во целибат откако бившиот ми рече дека не сака да биде татко или сопруг“, рекла убавицата и додала дека не знае каде ќе живее после нивното раскинување.
„Откако го напуштив неговиот стан, морав да одам на работа и да се грижам за моите две деца, кои имаат 11 и 15 години, додека се обидував да го излечам моето скршено срце. Разводот и болката низ која поминав оставија лош вкус во устата кога се работи за секс.Сега задоволството и еуфоријата што ми предизвикуваше сексот ги нема“, отворено признала таа.
Нејзините емоционални превирања значително се влошиле поради неодамнешната трагична загуба во семејството, а потоа, како што тврди таа, нејзиниот поранешен решил да побегне наместо да ја поддржува. „Бев бремена во четвртиот месец, носев девојче, дури имав и забава за откривање на полот, но го изгубив бебето. Помалку од еден месец подоцна, сè уште крварев од спонтаниот абортус, а мојот поранешен ми рече дека не сака повеќе да биде со мене “, призна таа.
Затоа решила да се збогува со сексот, а повеќе не сака да дозволува мажите да ја искористуваат.