Познатата актерка од филмовите за возрасни, Дени Бенкс, по секоја цена сака да го привлече вниманието, а овојпат за да ја оствари таа цел отишла чекор понапред.
Кога ја здогледале чудната сцена, полицајците и припадниците на обезбедувањето ѝ пришле на атрактивната русокоса и ѝ наредиле веднаш да го напушти стадионот.
Американката објаснила дека полицијата не ја испратила надвор од стадионот, но ѝ го порачале следното: „Не мораш да одиш дома, но губи се од натпреварот“.
Дени е многу популарна на социјалната мрежа Инстаграм, каде има над осум милиони следбеници, а се прославила благодарение на оскудните фотографии на кои во прв план се нејзините облини.
Нејзината опседнатост со зголемување на задникот ја довела до малите екрани, па гостувала во популарниот серијал „Botched“ кој прикажува реални животни приказни од оние кои подлегнале на естетски корекции кои не завршиле како што треба.