Глумицата Хилари Хит почина на 74-годишна возраст од коронавирус, пишуваат светските медиуми.
Веста за нејзината смрт ја споделил Алекс Вилијамс, кому Хилари му била кума.
„Ја изгубивме нашата прекрасна кума Хилари. Работеше на филмови со Хју Грант, Алан Рикман и Гери Олдман. Како психолог работеше со пациенти ширум светот, често бесплатно и со цел нивните стресни животи да ги доведе во ред. Тажен сум што веќе ја нема“, напишал.
Хиларија пред една недела се тестирала и била позитивна на коронавирус.
Фановите најмногу ја паметат по нејзината улога во филмот „Оркански висови“, каде што глумеше со Тимоти Далтон.