Кејт Волш била снимена во друштво на својот вереник Ендру на плажа во Австралија, каде од Америка се преселила пред неколку години.
Американската актерка и ѕвезда на една од најдолговечните серии „Вовед во анатомија“, Кејт Волш, била снимена на една австралиска плажа како ужива во друштво на својот вереник.
Парот бил снимен како се забавува на сонцето, а 56-годишната Кејт не ја тргала насмевката од лицето.
Инаку, актерката сосем случајно открила дека се согласила да се венча за Ендру и тоа во еден пренос во живо на профилот на Инстаграм.
Потпирајќи ја главата на раката, го покажала огромниот дијамантски прстен на раката, а потоа во кадар влегол и нејзиниот вереник којшто насмеал многу од гледачите.
Нејзината колешка Ејми Бренан која исто така била на преносот во живо, рекла: „Штотуку откри дека се вери“, а Кејт само потврдила: „Да, штотуку открив дека сум верена“.
Инаку, Никсон е успешен фармер, а за нивната врска почнало да се шпекулира на почетокот на минатата година. Се наведува дека се запознале на пловидба со крузер, а моментално заедно живеат во Перт, Австралија.
Актерката таму се преселила од Калифорнија, поточно била принудена да остане таму откако границите се затвориле како последица на коронавирусот, уште во март минатата година.
„На почеток не можев да се вратам дома, а сега не сакам да се вратам. Мојата сопствена мајка која има 86 години, ми зборуваше да не се враќам и да живеам во тешки времиња“, изјавила Кејт.