ЅВЕЗДАТА НА ОНЛИФАНС ЌЕ ГО СТАВИ ИМЕТО НА СВОЕТО НЕРОДЕНО БЕБЕ НА АУКЦИЈА: Тој што ќе понуди најмногу ќе биде кум на детето на Бони Блу 

by Тони Зографски

Контроверзната ѕвезда на Онлифанс, Бони Блу објави дека е бремена откако имала незаштитен секс со 400 мажи во нејзината таканаречена „мисија за размножување“.

– Бев многу транспарентна во врска со тоа за што се работеше и каков би сакала да биде исходот и тие имаат опција ако сакаат да бидат вклучени, откако ќе дознаам кој е таткото, или ако не сакаат да бидат, тогаш сум повеќе од среќна што ќе бидам самохрана мајка – рекла таа.

Блу сподели дека „се грижи бебето да биде здраво“ и не е фокусирана на утврдување на татковство.

Идната мајка најави дека планира во бременоста да ги вклучи и своите обожаватели, а најголемо внимание привлече нејзината идеја да го продаде правото за избор на името на детето на оној што ќе понуди најмногу пари.

Во разговор за „Ју-ес Викли“ таа изјавила: „Би сакала да го ставам името на детето на аукција, мислам дека тоа би било навистина забавно.“

Додаде дека планира обожавателите да ги вклучи и во други важни моменти од бременоста, како што е на пример откривањето на полот.

Блу откри дека првпат се посомневала дека е бремена за време на патување на Тенерифе, кога почнала да чувствува мачнина и силни главоболки.

– Одредена храна ми предизвикуваше мачнини, а во исто време имаше и храна што мораше веднаш да ја изедам -рекла таа.

По одморот, решила да направи тест за бременост. Пред да го види резултатот, признала дека е нервозна, а потоа соопштила дека тестот е позитивен.

Со оглед на тоа што и претходно користела необични начини за самопромоција, во јавноста брзо се појавија сомнежи дали навистина ја зборува вистината. За да ги намали сомнежите, објави и снимки од ултразвучен преглед.

Иако сака да ја сподели бременоста со јавноста, таа нагласи дека ќе постави јасни граници.

останати вести