Непосредно пред несреќата, музичарот Ѓорѓе Давид преку Инстаграм од автомобилот се пожалил на лошото време и додал дека не сака зима и снег.
„Ги завршивме последните состаноци, заминуваме за Србија, застанувајќи малку во Ниш. Единствено ненормално ми е што овде во Гевгелија почна да врне снег. Штом паѓа снег во Гевгелија, мора да станува се полошо и постудено како што одиме кон север. Ја мразам зимата“, рече тој.