Фудбалскиот тренер Ѓоко Хаџиевски е горд татко на три ќерки, од кои најмалата Катја денеска стана полнолетна. Уште кога пред 18 години неговата сопруга беше бремена сите очекуваа дека третото дете на Хаџиевски е планирано за син, но место тоа, како што тогаш велеше, доби уште една принцеза.
“Пред 18 г. oчекував третото дете да биде машко, уште кога те видов како бебе бев убеден дека не би те сменил ни за 5 сина , ете …..израсна во убавица, за 2 месеци ќе завршиш и гимназија, биди нѝ само здрава и жива те сакаме цела фамилија најмногу – напиша Ѓоко на својот Фејсбук профил,
Инаку, Ѓоко Хаџиевски, кој во моментов е тренер во Емирати, ги има ќерките Стефанија (37) и Андреа (30). Од нив има тројца внуци.