Бугарскиот тенисер Григор Димитров е позитивен на коронавирус.
-Сакам да ги известам моите фанови и пријатели дека сум позитивен на коронавирус на тестирањето во Монако. Сакам да им порачам на сите кои биле во контект со мене во претходните неколку дена да се тестираат и да ги превземат мерките за безбедност. Се извинувам ако некого сум го заразил несакајќи. Јас сум дома во изолација, ви благодарам на поддршката и ве молам останете безбедни и здрави – пред малку напиша Димитров на својот Инстаграм профил.
Инаку, бугарскиот тенисер беше дел од ревијалниот турнир во Белград “Адрија тоур“на кој учествуваа и Ѓоковиќ, Тим, Зверев… тој требаше да настапи и во Задар, но во последен момент го откажа настапот. Првичните информации говореа дека станува збор за ситна повреда, но Димитров денеска самиот обелодени дека е позитивен на Ковид-19.
Сега се очекува Ѓоковиќ и останатите учесници на турнирот да се тестираат и да заминат на двонеделна самоизолација.