Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ призна дека не е најдобриот играч на планетата во моментов. Со големи успеси на турнирите од почетокот на годината, младиот Италијанец Јаник Синер стигна до второто место на АТП листата, а Ѓоковиќ го избра за најдобар играч во светот во моментов.
Според српскиот ас, Јаник Синер го стекнал потребното искуство, научил од грешките и научил да победува на големи натпревари, кои му донесоа многу бодови оваа година. Синер го игра најдобриот тенис во кариерата, по Австралија опен ги освои Ротердам и Мајами, па заслужено доби големо признание од Новак.
„Јаник е најдобриот играч во светот оваа сезона досега. Имаше неверојатен успех. Многу се подобри. Целата негова игра, сервис, движење, психички е секогаш присутен. Разликата во важните натпревари што ги игра Јаник во последните шест месеци, а во периодот пред тоа сега победува на големи натпревари. Научи од своето претходно искуство, што го направи потежок противник. Сега е играч за големи натпревари“, заклучи Новак Ѓоковиќ.