Во опширно интервју за “Vajs“ најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ меѓу другото откри дека порано пиел алкохол.
“Години наназад не пијам алкохол. Порано пиев повремено, и како спортист кој ретко пие, таа една чаша ќе те внесе “во машина“ и тогаш не знаеш каде си…“ вели Новак.
Новак со браќата Марко и Ѓорѓе
Српскиот тенисер во интервјуто открива и дека сон му било да се запознае со трите идоли, Мајкл Џордан, Алберто Томба, и Пит Сампрас. Додека последните двајца ги запознал, Џордан сеуште не, а можел.
“Пред десетина години тој беше во Монте Карло. Јелена ми се јави дека го видела и му рече веднаш да дојдам. Не знам што ми беше и реков: ‘Морам да се одморам, имам тренинг попладне“. По десетина минути размислување, сепак, отидов до кај неа, но Џордан си заминал. Ете пропадна таа можност да го запознам, но има време, ќе се сретнеме некаде“.