Ѓоковиќ кажа дека сака да ја посети Македонија, но не откри кога би можело тоа да се случи, а исто така негова желба е да се соочи со Ивановски, кој стигна до четвртфиналето на јуниорскиот Вимблдон.
„Сакам да заиграм во Скопје. Во Македонија сум бил како мал, но би сакал да одиграм една партија тенис со новата надеж на македонскиот тенис Калин Ивановски. Калин е одличен тенисер. Тоа е високо и добро момче, кое има одлична игра. Ќе го повикам на тренинзи во Белград за да изградиме однос, по што ќе му помогнам да стигне до некои тениски височини и се надевам дека ќе успеам во тоа“, кажа Ѓоковиќ за „Макфакс“.
Целото интервју на Србинот за Макфакс може да го прочитате ТУКА.