Новак Ѓоковиќ рутински го победи Тејлор Фриц со 3:0 во сетови (6:1, 6:4, 6:4) и се пласираше во полуфиналето каде го чека уште еден Американец, Бен Шелтон.
Додека Ѓоковиќ и Фриц се бореа за победа на теренот, публиката на трибините гледала само во една личност.
Станува збор за Морган Ридл, девојката на американскиот тенисер, која се појавила во ложата на Фриц во кратка провокативна тоалета, и во целост ги засенила сите присутни.
„Тениската Барби“, како што многумина ја нарекуваат, е многу популарна на социјалните мрежи и на Инстаграм има 191.000 фанови.
Сепак, вчера од централниот терен на САД Опен морала да излезе без насмевка на лицето, а за тоа се погрижи српскиот тенисер кој убедливо го совлада нејзиниот избраник Тејлор Фриц.